Објавени се судски документи, кои досега беа тајни, а во кои се поврзуваат милијардерот Џефри Епстајн и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Илјадници страници сведочења се објавени вчера вечер, наспроти приговорите на Џислејн Максвел, неодамна обвинета за помагање на Епстајн, за време на целата операција со трговија со малолетнички.
Наводната жртва на Епстајн, Вирџинија Џуфри, во документите го опишува неговото злоставување на млади девојки, но и на неговата соработничка, Џислејн Максвел.
Џуфри претходно кажа дека Максвел регрутирала тинејџерки и им наредувала да имаат сексуални односи со многу мажи, вклучително и со принцот Ендрју. Џуфри за време на изјавата навела дека со Епстајн, уште некои имиња на мажи со кои ја поврзала Максвел.
„ Видете, ви кажав се што моментално знам. Жал ми е. Ова ми е многу тешко и фрустрирачки. Не се сеќавам на сите луѓе. Ме испраќаа кај разни луѓе“ рекла Џуфри на адвокатот.
Во судските записи стои дека Максвел и нејзиниот адвокат ја прикажале Џуфри како несигурен сведок, укажувајќи на грешките во некои датуми и бројки кои ги навела. Принцот Ендрју и Ричардсон исто така ги негирале наведените обвиненија.
За време на исказот во 2016 година, Џуфри рекла дека и` било платено за фотографија од неа и принцот Ендрју, која подоцна била објавена во бројни медиуми. Исто така рекла дека многу пати летала со хеликоптер, со кој управувала Максвел, на приватниот остров на Епстајн на Карибите.
За време на исказот таа го коментирала и интервјуто кое го дала во 2011 година и во кое навела дека Максвел тврдела дека на островот го возела и поранешниот претседател Бил Клинтон.
„ Џислејн ми кажа дека го донела и Бил Клинтон. А Џислејн сака да кажува за работи кои звучат неверојатно. Вистина или не, тоа го кажав во интервјуто со Шерон Чрчер“ рекла Џуфри и додала дека забележала дека Чрчер погрешно ја сфатила нејзината приказна, но дека не се обидела да ја поправи.
Џуфри рекла дека тогаш го прашала Епстајн што бара на островот Клинтон.
„ Се сеќавам дека го прашав Џефри што бара овде Бил Клинтон. Тој се насмевна и рече дека му должи услуга. Никогаш не кажа за каква услуга се работи. Не знаев ниту дали се шегува или е сериозен бидејќи често кажуваше дека сите му должат услуги“ рекла наводната жртва на Епстајн и додала дека во тоа време на островот биле Максвел и други девојки.
Клинтон го негираше тоа тврдење на Џуфри, дека тој бил на островот на Епстајн.