Реал Мадрид новиот шпански фудбалски првак ги промовираше новите дресови со кои ќе настапува идната сезона. Стандардно за домашните натпревари „кралевите“ остануваат да играат на „Сантијаго Беранбу“ во белиот дрес. Кралскиот клуб не експериментира кога се работи за главниот дрес, но затоа втората и третата комбинација на дресови ќе бидат колоритни.
Гостинските дресови ќе бидат во розева боја и потсетуваат на дресовите од сезоната 2014/15.„Адидас“ е дизајнерот на дресовите на Реал, а во мадридскиот гигант се надеваат дека ќе имаат зголемена продажба од лани, посебно што сега Реал во новата сезона влегува како шампион на Шпанија. Третата комбинација на дресови се навистина интересни и може да се допаднат на многу љубители на спортот кои се колекциионери на дресовите, а посебно од Реал Мадрид.