Влијателни републиканци во американскиот Конгрес го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за одложување на претседателските избори во ноември, поради можни злоупотреби во вонредни околности.
Идејата беше отфрлена од лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел и лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти.
Сенаторот Меконел рече дека никогаш претходно претседателските избори во САД не биле одложени, пренесува Би-Би-Си.
– Никогаш во историјата на оваа земја, преку војни, депресии и Граѓанска војна, не се случило да не сме ги закажале федералните избори на време, изјави Меконел за локална станица од Кентаки.
Мекарти се согласи со тоа, велејќи дека изборите треба да се спроведат на време.
Во меѓувреме, сојузничката на Трамп, сенаторката Греам оцени дека одложувањето на изборите „не е добра идеја”.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео на новинарско прашање дали претседателот може да ги одложи изборите, рече дека нема да носи правна одлука во од.