Хисени: Или ќе има договор со Белград за се или за ништо

Шефот на експертската делегација на Косово во дијалогот со Србија, Скендер Хисени изјави денеска дека нема да има договор со Белград доколку „меѓусебното признание“ не биде конечен исход од дијалогот.

-Ако тоа не биде конечен исход, тогаш нема да има ниту договор. Или ќе се договориме за се или за ништо, изјави Хисени.

По состанокот со претставниците на Белград во Брисел, Хисени рече дека се водени „тешки разговори“ за елементите кои на крајот, според неговите збориви, ќе бидат дел од „сеопфатен право обврзувачки меѓународен договор“.

-Се работи за прецизен јазик кој нема да дозволи никакво двосмислено толкување на ниту една одредба, изјави Хисени по состанокот со претставниците на Белград во Брисел.

Запрашан за претходните договори кои се постигнати во рамки на дијалогот, шефот на косовската делегација наведе дека „се останато се подредува на ова што е ‘чадор’ кој ги опфаќа сите елементи“.

Хисени повтори дека конечниот договор „мора да опфати и меѓусебно признавање“.

 

Треба да знаете
Последни објави