На 30.07.2020 околу 10.20 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во 6-годишен пешак од с.Колицко, кумановско.
По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.