Аеродром го стигна Чаир, Гостивар ново жариште на Ковид 19

Бројот на заразени во Аеродром е ист како и во Шаит, покажуваа денешната статистика на Министерството за здрвство за заболените од Ковид 19.

Во Скопје активни се 1488, а во двете општини сега има по 171 заболен, со тоа што бројот на заразени во Аеродром во изминатиов период растеше побрзо, а во Чаир бројот на заразени најчесто беше 200.

Во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на Ковид-19 од кои во Скопје-36, Гостивар-16, Кичево-15, Тетово-14, Куманово-11, Штип-11, Струга-8…

Во Штип -425 и понатаму се зголемува бројот на заразени, а ново жариште е Гостивар каде има 260 активни случаи.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 171
• Аеродром – 171
• Бутел – 97
• Гази Баба – 145
• Центар – 130
• Карпош – 136
• Сарај – 78
• Кисела Вода – 157
• Ѓорче Петров – 107
• Студеничани – 64
• Шуто Оризари – 117
• Арачиново – 26
• Илинден – 23
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 23
• Зелениково- 7
• Странец – 4
• Нераспределен- 5

Треба да знаете
Последни објави