БДП во еврозоната со пад од 14,4 отсто

Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 14,4 проценти во вториот квартал, соопшти Евростат.

На квартална основа, овој број е 11,9  отсто. Во првите три месеци падот беше 3,6 проценти. Забележано е дека на овој начин европската економија влегува во рецесија.

Еврозоната вклучува 19 земји. Според првата проценка, нивниот БДП се намалил за 12,1 отсто во вториот квартал и за 15 отсто на годишна основа.

Намалувањето на сите показатели е најголемо од 1995 година, откако се води ваква статистика.

Претходно, Ангел Талавера, главен експерт за европска економија, рече дека се очекува значителен економски раст во еврозоната во третиот квартал. Сепак, тој истакна дека закрепнувањето во летните месеци ќе биде послабо.

Европската комисија, во својот извештај од јули, предвидува дека реалниот БДП во еврозоната годинава ќе падне за 8,7 проценти, како резултат на пандемијата на Ковид -19.

Целокупната економија на ЕУ ќе се намали за 83 отсто, при што се очекува економско закрепнување во третиот квартал.

Треба да знаете
Последни објави