Организаторите на преместениот во Њујорк годинава поради пандемијата од коронавирус турнир Синсинати, ги објавија имињата на тенисерките кои ќе добијат „вајлд карта” за учество во натпреварувањето. Имаме доста сериозни имиња меѓу тенисерките за кои станува збор, што дефинитивно ќе го направи турнирот поинтересен.
Организаторите издвоија „вајлд карта” за поранешните бр.1 во светот и освојувачки на повеќе од една гренд слем титула – Ким Клајстерс (Белгија), Венус Вилијамс (САД) и Наоми Осака (Јапонија), како и шампионката на УС Опен за 2017 година – Слоун Стивенс (САД). Кетрин Мекнили, 18-годишна талентирана тинејџерка од САД, исто така, доби официјална покана од организаторите.
Осака и Стивенс можеа да бидат во главната ждрепка поради своите позиции на ранг-листата, но првично не сакаа да се пријават на турнирот. Очигледно, двете подоцна се премислиле и ја прифатија поканата на организаторите на турнирот, кој започнува на 22 август.