Крис Саливан и сопругата Рејчел го дочекааа своето прво дете

„Тој пристигна!“,  вака sвездата Крис Саливан и неговата сопруга го поздравија новородениот син Беар Максвел.

Крис има среќа што припаѓа на едно од најомилените измислени семејства на телевизија, во серијата „Ова сме ние“ (This is Us). А сега, актерот кој беше номиниран за „Еми“ е уште посреќен со новиот член во сопственото семејство.

Убавата вест ја сподели на Инстаграм во четвртокот, два дена откако за прв пат го виде својот син Беар Максвел.

40-годишниот актер ја објави веста со фотографија на кој се гледаат симпатичните мали стапала на бебето.

„Тој пристигна. Нашето прекрасен син дојде на свет,“ напиша тој во описот на објавата.

Треба да знаете
Последни објави