На 30.07.2020 во 20.40 часот во Кочани од полициски службеници од Полициска станица Кочани бил лишен од слобода А.Д.(70) од Кочани.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 19 часот, на местото викано „Горно Подлошко“, во атар на село Тркање. Тогаш по претходна расправија околу наводнување на нива, А.Д. со пиштол пукал кон С.И.(49) од Кочани и го погодил во стапалото, а потоа и физички го нападнал.
С.И. добил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.
Полициски службеници од А.Д. одзеле пиштол „Застава М70“ кал.7,65мм, празна рамка, куршум и лопата. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.