Aмериканец пукал во хотел на Флорида оти луѓето не држеле растојание

Маж во Флорида е приведен бидејќи пукал со огнено оружје, откако се изнервирал оти двајца гости не ги почитувале мерките за физичка дистанца што сметал дека е неопходно.

„Да се ​​оддалечите. Вие не го почитувате растојанието“, им рекол Даглас Маркс на гостите во хотелот, соопшти полицијата.

Гостинот на хотелот Вероника Пена и нејзиниот син, туристи кои дошле на Флорида од Ново Мексико, го игнорирале неговото предупредување и седнале на софата и му свртеле грб.

„Ќе се погрижам за нив. Имаме двајца кои не ги почитуваат мерките“, рекол Маркс (29), пукајќи неколку истрели во холот.

Никој не е повреден, а Маркс тврди во полиција дека се свртел кон рецепцијата за да повика помош и како предупредување испукал четири истрели.

Инцидентот ја отсликува тензичната атмосфера на Флорида, едно од жариштата на пандемијата „ковид-19“, каде е заразен секој 50-ти жител.

Маж во Флорида исто така беше уапсен минатата недела бидејќи вперил пиштол на лице кое го замолило да стави маска во супермаркетот Волмарт.

Треба да знаете
Последни објави