Во Гевгелија најжешко, измерени 42 степена

Температурата на воздухот денеска во Гевгелија се искачи на 42 степени, а во Демир Капија се регистрирани 40 степени Целзиусови. Високи температури имало во сите градови, така според мерењата на УХМР во Охрид и Берово максималната температура била 34, Претор 35, Крива Паланка, Битола и Прилеп 36, Тетово 37, Скопје Петровец, Штип и Виница 38, Скопје Зајчев Рид и Струмица 39.

Времето во целта земја беше сончево и многу топло, во западните и крајните и источни делови со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.

До крајот на денот ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност, во планинските подрачја во северните делови со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Намалување на температурата метеролозите најавуваат од утре.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Утринската температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.

Треба да знаете
Последни објави