Хасани Гравет (24 г, 188 см), е новото име во таборот на македонскиот кошаркарски тим МЗТ Скопје. Тој денеска потпишал едногодише договор соопштија од таборот на “металците“.
Станува збор за кошаркар кој игра на плејмејкерската позиција, а лани во август потпишал договор со НБА екипата Орландо, за која сепак не заиграл. Негови главни карактеристики во играта се брзината, шутот за три поени и одличниот преглед.
Гравет е второто странско засилување за МЗТ во пресрет на новата сезона , откако шампионот го продолжи договоро со Феми Олуџоби.