Плејмејкерот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, ја заслужи можноста да руши легендарни рекорди во својата втора сезона во кошаркарската НБА-лига. Младиот 21-годишен Словенец има шанса да стане најмладиот кошаркар (21 година и 168 дена на крајот на регуларната сезона), кој ја предводи НБА-лигата по број на „трипл-дабл” за една сезона, со што ќе скрши речиси 40-годишен рекорд на Меџик Џонсон за сезоната 1980/81, според статистичките податоци на „Елиас спортс биро”.
Дончиќ во моментов е лидер на „трипл-дабл” со 14, но внимателно го следат sвездата на Лејкерс Леброн Џејмс со 13 и лидерот на Денвер, Никола Јокиќ со 12.
Вечерва од 03:00 часот словенечката сензација и неговиот тим Далас Маверикс излегуваат за првиот од вкупно осум преостанати натпревари од регуларната сезона против Џејмс Харден и Хјустон.