Двајцата пациети на кои утрово им беа трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба, изјави др-Сашо Дохчев за 24 Инфо.
-Само што излеговме од операционата сала. Пациентите се добро, според првичните резултати, ги прифатиле добро бубрезите. Ова е четврта кадаверична трансплантација годинава од кои три беа успешни, рече Дохчев.
Тој не сакаша да коментира зошто неколку пациенти одбиле да примат срце од 46-годишниот пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт.
Еден од пациентите е 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа.
Државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинов (46) е човекот чие семејство во најтешките моменти покажа огромна хуманост, и по неговата смрт реши да ги донира неговите органи.
Борче, кој пред осум години беше именуван на функцијата државен правобранител за подрачје Велес, починал вчера, по пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје. Тој паднал од дрво.