Лила се раздели од банкарот, па од „Се или нешто“ премина на ТВ ангажман во каков не ја очекувавме

Пандемијата со коронавирусот го измести светот од колосек, а ситуацијата како да не гледа светло низ тунелот.

Загубата е колективна, работата долго стагнира и не е ни слична на онаа во нормални услови.

И ТВ водителката Лила Филиповска, која најдобро ја знаете како водител на популарниот квиз на телевизија Сител, „Се или нешто“,претрпе промени, пред се професионални. Квизот „Се или нешто “ не се снима веќе неколку месеци, но таа има нов ангажман во телевизијата каде работи години наназад.

ФОТО:ТВ СИТЕЛ/ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА/УТРИНАКА ПРОГРАМА/ТВ

Овој пат наместо снимањата на квизот, Лила си ја „вади“ платата од емисијата „Утрински приказни со Лила. Оние што ја гледале утринската на Сител, сигурно ја виделе и Лила, која не ни теба да споменеме дека е водителски махер во било каков формат.

За свои гости има различлни профили, а меѓу последните и беше менаџерот на ресторани Борис Сидоски. Тој има работено како асисетен на Опра Винфри, а Лила успеа да го извлече најинтересното од него…

Преземено од Вистина.мк
Треба да знаете
Последни објави