Милан има намера да го задржи напаѓачот Златан Ибрахимовиќ во составот и следната сезона.
И покрај неговата возраст, 38-годишниот Швеѓанец стана лидер во напад на клубот по трансферот претходно оваа година. На 19 натпревари во Серија А и во Купот на Италија, тој постигна 10 голови.
Милан очекува да потпише нов договор со Швеѓанецот. Во моментот, се шпекулира со двојно зголемување на платите. Според новиот договор, Ибрахимовиќ ќе заработува околу 115 илјади евра неделно.