Шпанското министерство за здравство објави дека се потврдени 1525 нови случаи заразени со коронавирус, што е најголем дневен пораст од укинувањето на карантинот во јуни, со што е урнат рекордот од претходниот ден.
Трет дена по ред во Шпанија се потврдени повеќе од 1000 нови случаи.
Вкупно оздравени, во кои се вклучени и лицата кај кои е потврдено дека имаат антитела, се 288.522 лица, додека еден дена претходно биле 285.430 оздравени, објави министерството.
Германскиот институт за заразни болести Роберт Кох стави три шпански региони, вклучително и Каталонија со гласниот град Барселона, на листата високоризични подрачја. Трите региони се Каталонија, Арагон и Наваре во северна Шпанија.