Напаѓачот на Лил, Виктор Осимен се пресели во Наполи, објавено е на веб-страницата на клубот од Неапол.
Според извештаите на италијанските медиуми, се верува дека 21-годишниот Нигериец потпишал договор до 2025 година со плата од 4,5 милиони евра годишно плус бонуси.
Беше објавено дека „Лил” ќе добие 50 милиони евра за напаѓачот, плус 10 милиони бонуси.
Во сезоната 2019/20, Осимен одигра 38 натпревари за Лил, постигна 18 голови и шест асистенции.