Томиќ и Димовски нови засилувања на Академија Пандев

Милан Томиќ и Бојан Димовски се новите засилувања на струмичкиот фудбалски прволигаш Академија Пандев.

Талентираниот Димоски (18), кој доаѓа од тимот на Вардар и игра на позициите последен играч за врска како и на левата бековска позиција, синоќа го официјализираше пристапувањето на тимот на „пандевци” со ставање потпис на договорот. Тој е стандарден во младинските селекции на Македонија, а моментално е член на селекцијата У-19.

Томиќ (20) доаѓа од белградска Црвена звезда и исто настапува на позиции во одбраната. Досега ги бранел боите на српските Графичар и Звездара како позајмен играч.

Претходно потпис на договорите со Академија Пандев ставија Милан Радески и Никола Серафимов.

Треба да знаете
Последни објави