Цената на струјата во Северна Македонија една од најниските во Европа и регионот

Граѓаните на Република Северна Македонија користат електрична енергија која е една од најевтините во регионот на Западен Балкан, но и во цела Европа, покажуваат податоците на Евростат.

Според Евростат во втората половина на 2019 година, цената на киловат час електрична енергија кај нас е за речиси трипати пониска во однос на просечната цена во ЕУ. Лани, цената за киловат час електрична енергија во Македонија изнесувала 7.83 евроценти, додека просечната цена во ЕУ била 21,14 евроценти.

Во однос на регионот, највисока цена на електрична енергија плаќаат граѓаните на Словенија – 16,34 центи за киловат-час, во Грција цената изнесува 15.5 евроценти, додека во Хрватска е 13,2 центи. Во соседна Албанија цената за киловат час изнесува 8.4 центи, а во Бугарија 9.99 евроценти.

Од Северна Македонија поевтина електрична енергија во регионот плаќаат само домаќинствата на Косово и во Србија, каде цената за киловат час изнесува 6, односно 7 евроценти.

Споредено со Европа, поевтина цена на електрична енергија има единствено во Грузија каде киловат час чини 6,19 центи.

Треба да знаете
Последни објави