Новак и Јелена Ѓоковиќ престојуваат во Шпанија, каде српскиот тенисер се подготвува за враќањето на теренот.
33-годишниот спортист и неговата сакана беа уловени од папараците во друштво на неговиот брат и пријатели во Кадис.
Славниот пар неодамна се најде во фокусот на медиумите поради позитивниот тест за коронавирусот SARS-CoV-2. Најверојатно тие беа инфицирани на тенискиот турнир кој Новак го организираше во Србија и Хрватска, а на кој присутните не носеа заштитни маски…
Преземено од Фемина.мк