Ураганот Исаија сврте кон запад, кон Флорида, која се очекува да ја погоди денеска, а потоа источниот дел на САД во понеделник.
Националниот центар за урагани издаде предупредување за Флорида и соопшти дека Исаија може да донесе силно невреме, дожд и ветрови денеска попладне и во текот на целата ноќ.
Поради можноста од ураган од категорија 1 да ја погоди Флорида, властите ги затворија местата за тестирање на коронавирус, а жителите се снабдија со основни продукти.
„Иако сегашните предвидувања велат дека центарот на ураганот Исаија би можел да остане на море, ситуацијата би можела да се промени многу брзо“, изјави за новинарите гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.
Де Сантис прогласи вонредна состојба за десетина окрузи на атлантскиот брег на Флорида, и исто така и владиниот гувернер за Северна Каролина, Рој Купер, предвидувајќи невремето да го погоди брегот на неговата држава во понеделник.
Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мек Мастер, изјави пред новинарите дека н