Џејмс Мардок поднесе оставка од одборот во „Њуз корпорејшен”

Џејмс Мардок, помладиот син на медиумскиот могул Руперт Мардок, поднесе оставка од одборот во „Њуз корпорејшен” поради „несогласување со уредувачките содржини”.

Во писмото со оставка Џејмс Мардок наведе дека не се согласува со некои „стратешки одлуки” на компанијата што е во сопственост на неговиот татко.

Џејмс последните години и политички не се согласуваше со татко му.

Додека Руперт Мардок го поддржува Доналд Трамп. Неговиот син наводно донирал стотици илјади долари за кампањата на Џо Бајден.

Дел од „Њуз корпорејшен” се и „Волстрит џурнал”, „Тајмс”, „Сан” и други медиуми.

Треба да знаете
Последни објави