Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

Американскиот Федерален апелациски суд ја укина смртната казна за Џохар Царнајев, осуден за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година.

Црнајев е осуден по 30 обвиненија, вклучително и заговор и употреба на оружје за масовно уништување.  Тој казната ја издржува во затвор со максимална безбедност во Колорадо.

Неговиот брат Тамерлан Царнајев е убиен во престрелка со полиција неколку дена откако двајцата браќа детонираа две бомби во близина на целта на Бостонскиот маратон. Во нападот извршен на 15 април 2013 година загинаа три лица, а повредени беа повеќе од 260 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави