Властите во Шпанија препорачаа да не се одржи тенискиот турнир закажан за средината на септември, поради неповолната епидемиолошка состојба, пренесува „Марка”.
Оваа одлука доби поддршка од претставникот на локалното Министерство за здравство Антонио Запатеро.
Во Мадрид, од 12 до 20 септември, предвидено е да се одржат турнири на во женска конкуренција (ВТА) и во машка конкуренција (АТП).