И покрај поразот од Рома на домашен терен (1:3), старо-новиот фудбалски првак на Италија Јувентус по натпреварот ја прослави новата титула. За „старата дама“ официјално ова е 26. или како што тие ја сметаат 28. титула во Серија „А“, или деветта по ред.
Јувентус славеше пред празни трибини поради пандемијата со коронавирусот.