Државјанка на Тунис роди здраво машко бебе на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пренесе денеска Српската радио и телевизија (РТС). Лекарката Даниела Јевтиќ од службата за брза помош изјави за РТС дека пораѓањето започнало на улица, а за само 10 минути завршило во зградата на аеродромот во Белград.
Жената од Тунис родила здраво момче по име Адам.
„Тимот од аеродромот, докторот и техничарот направија сè, така што ние само го зедовме бебето и ги однесовме во болница. Им посакуваме се најдобро“, рече таа.
Се работи за жена на возраст од 32 години, која на аеродромот пристигнала со својот сопруг за да пречекаат некого.