Револтот кај граѓаните по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика да одобри покачување на струјата за 7,4% е се поголем. На социјалните мрежи покренаа он-лајн петиција за поништување на ова покачување за електричната енергија, како и за намалување на ДДВ-то на струјата од 18% на 5%.
Иницијативата „Млади за Македонија“ меѓу другото бара да се формира фонд за покривање на сметките на лицата со финансиски потешкотии, кој ќе биде финансиран од профитот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, како и загарантиран откуп на струја од сончеви колектори на домаќинствата. Барањата се упатени до Регулаторната комисија, Собранието, Министерството за економија, Владата и Претседателот. На петицијата досега се потпишаа над 3 илјади граѓани.