Бела куќа: Нема да се одложат претседателските избори во САД 

Белата куќа синоќа потврди дека претседателските избори во САД, ќе се одржат, како што се закажани на 3 ноември.

Шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Медоуз изјави дека изборите ќе се одржат на 3 ноември и на нив ќе победи актуелниот шеф на државата.

Трамп во четвртокот побара одложување на изборите со образложение дека голем број граѓани ќе гласаат по пошта, а тоа ќе влијае врз регуларноста на изборите. Идејата веднаш беше отфрлена од демократските и републиканските претставници во Конгресот на САД, тело кое може да донесе таква одлука.

Кандидати на претседателските избори се републиканецот Трамп и демократот и поранешен потпретседател на САД, Џо Бајден.

Треба да знаете
Последни објави