Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, го сподели своето мислење за можноста за отстранување на Пари Сен Жермен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
– Многу работи ќе бидат важни. Техничките, физичките и моралните услови се клучни. Игравме многу натпревари и потрошивме многу енергија, но сега имаме доволно време да се подготвиме на најдобар можен начин. Во моментот сонувам да продолжиме понатаму и да играме во полуфиналето. Да се биде во четвртфиналето е огромно достигнување за нас, ќе сториме се што е можно да го победиме ПСЖ. Тие имаат многу талентиран тим кој е меѓу кандидатите за освојување во Лигата на шампионите. Многу зависи од Килијан Мбапе дали ќе игра или не, но имаме шанса!”, рече Гасперини за „Анхио Спорт “.