Гостивар и околината го презедоа приматот во однос на другите градови по бројот на новозаразени со корона вирусот. Во моментов активни се речиси 300 слуачи. Здравствените власти соопштија дека во гостиварските три општини во последниво деноноќие се откриени 22 нови случаи на Ковид 19.
Еден од заклучоците на регионалниот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше на последниот состанок дека вирусот се шири меѓу граѓаните забрзано се покажа со денешните бројки. Па така, за речсиси една недела (од 28 јули 387) во гостиварско регистрирани се нови сто случаи.
Во гостиварскиот регион изминативе денови во извештајите имаше двоцифрени бројки на нови активни случаи. Денеска е на врвот и има повеќе од скопскиот и штипскиот што го потврдува и статистиката на Министерството за здравство.
Од почетокот на пандемијата во трите општини (Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше) како позитивни на Ковид 19 се регистрирани 487 граѓани. Од нив како активни се водат 291, од кои две третини се на територијата на општина Гостивар. Досега како последица од Ковид-19 починале 24 лица,.
Од кризниот штаб на последниот состанок, забрзаното ширење на вирусот го оценија како сериозно, а тоа се должи на неодговрноста на граѓаните што не ги почитуваат мерките. Заради зголемувањето на бројките на новоинфицирани во гостиварскиот регион и заштита од корона вирусот, беше најавено и вонредна дезинфекција на јавните површини.