Даниловски: Не е време да се отворат училиштата и градинките

Училиштата и градинките не треба да се отворат во септември, бидејќи децата се најголемите преносители на вирусот, вели за Канал 5, епидемиологот Драган Данаиловски.

-Се плашам што ќе се случува кога ќе почна школската година, ако училиштата се отворат. Не знам како тоа ќе се изведе. Децата да носат маски 4-5 часа, тоа е малку илузорно. Се плашам дека тоа нема да успее, вели Данаиловски.

Професорот Даниловски укажува и податокот, кој сите ние треба да го имаме во предвид за нашите деца кога е во прашање социјална дружба со нивните врсници.

-Две студии се деновиве објавени, односно не се ни објавени, туку се дадени во ракопис, а кои велат дека 10 до 100 пати повеќе вируси во носните патишта имаат децата до 5 години. Така вели студијата од Чикаго. Една друга студија од Северна Италија вели дека децата под 14 години имаат два пати поголем ризик да заразат некого, отколку оние кои се постари од 14 години, вели  Данаиловски кој според него, се доволни аргументи школите во нашата држава да останат затворени.

Треба да знаете
Последни објави