Израелската армија синоќа пресретна ракета истрелана од палестинските екстремисти од Појасот Газа.
Армијата соопшти дека ракетниот одбранбен систем ја собори ракетата над градот Сдерот, јужен Израел.
Нема информации за евентуални жртви, а оштетено е едно возило.
Ракетниот напад од Појасот Газа е прв за речиси еден месец.