Најмалку три лица загинаа, а 24 се повредени во вчерашниот напад во Џалалабад, источен Авганистан, а одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Пред затворот во Џалалабад вчера прво беше детониана автомобил-бомба, а потоа уследиле уште две помали експлозии пред затворот, по што екстремистите се судрија со полицијата.
Судирите помеѓу полицијата и екстремистите продолжиле и во текот на ноќта.
Нападот уследи еден ден откако Авганистанската разузнавачка агенција соопшти дека безбедносите сили во близина на Џалалабад убија командант на ИД.