Тенисот е дефинитивно спортот кој најмногу страда од коронавирусот, поради кој најверојатно нема да се игра ниту Мастерсот во Мадрид.
Веста за извесно откажување на турнирот во категоријата 1.000 тенисери ја објави Новак Ѓоковиќ, како претседател на Советот на играчи на АТП, пишува „Марка”.
Според шпанскиот весник, Ѓоковиќ им ги кажал лошите вести на своите колеги преку заедничка комуникациска линија.
Официјалната одлука треба да стигне во наредните неколку часа.
Мадрид требаше да биде домаќин на првиот Мастерс во Европа, откако новиот вирус го погоди целиот свет.
Локалните власти најавија ваков епилог, додека организаторите се обидоа да направат се за да играат на мадридската земја.
Иако се играат одредени егзибициски дуели и помали турнири, јасно е дека најтешко е погоден тенисот.
Мастерсот во Мадрид беше планиран за периодот од 12 до 20 септември. Ако се знае дека Ролан Гарос е планиран за крајот на септември и почетокот на октомври, може да се случи откажување на парискиот Грен- слем.