Тренерот на Торино, Морено Лоно, изјави дека наскоро ќе престане да работи со клубот.
– Против Болоња, беше мојот последен натпревар. Сакам да им се заблагодарам на оние што ми дадоа можност да дојдам овде. Бев поканет тука и ме замолија да го спасам Торино од заканата за заминување. Го постигнав тоа, изјави Лонго за „Sky Sport Italia”.
За потсетување Лонго го презеде тимот во февруари годинава, заменувајќи го Валтер Мацари. Како резултат на тоа, Торино ја заврши сезоната на 16. место со 40 поени.
Се шпекулира дека следниот тренер на Торино, најверојатно, ќе биде екс менторот на Милан, Марко Џампаоло.