Детската градинка во Берово со четири нови занимални за згрижување на најмалите

Детската градинка „23 Август” во Берово ќе ги проширува капацитетите за сместување на деца од предучилишна возраст. Согласно јавниот оглас за јавна набавка, како што информираа надлежните, предвидена е  доградба на четири занимални во градинката.

Проценетата вредност на доградбата на градинката е проценета на 3,2 милиони денари.

– Се надеваме дека со реализација на оваа активност ќе им излеземе во пресрет на родителите за згрижување на дечињата од предучилишна возраст, со што покажуваме дека се грижиме за подобрување на квалитетот на живот, особено за најмалите, истакнаа надлежните.

Тие додадоа дека доградбата на занималните ќе се реализира со средства од општинскиот буџет.

– Сите заинтересирани, огласот можат да го превземат од електронскиот систем за јавни набавки киј е објавен на општинската веб страна, додадоа од општината.

Треба да знаете
Последни објави