Околу 200 мигранти во осум чамци пристигнаа утрово на италијанскиот остров Лампедуза, што уште повеќе ја искомплицира веќе тешката состојба на тој остров во јужниот дел на земјата.
Мигрантите биле пренесени во прифатниот центар.
Во моментот, во тој центар има 910 баратели на азил, а состојбата е посложена затоа што капацитетот на центарот е намален на 95 поради епидемијата на коронавирусот.