Албанија екстрадира во Германија Таџикистанец баран со меѓународна потерница поради тероризам

Албанските власти денеска го екстрадираа во Германија, Таџикистанецот Комрон Зукхуров, припадник на терористичката организација исламска држава, баран со меѓународна потерница.

Припадниците на секторот за борба против тероризам, го уапсија Зукхуров на 29 април годинава во Тирана.

„Комрон Зукхуров(24) , германски суд го товари за учество во странска терористичка организација и за формирање терористичка ќелија во Германија за извршување џихад во име на ИД. На 21 април германски Интерпол распиша меѓуанродна потерница а врз која делуваше секторот за борба против тероризам,стои во соопштението на албанската полиција.

Според истот извор на кој се повикува тиранската телевизија, Топ чанел, екстрадираниот Зукхуров заедно со други обвинети лица, предводени од радикална фундаменталистичка вера, формирале ќелија на територијата на Сојузна Република Германија.

Нивна цел била да спроведат џихад во името на ИД,со цел да се извршат напади против „неверниците” во Германија, Таџикистан и други земји, со употреба на огнено оружје и експлозив.

Треба да знаете
Последни објави