Бакнеж под маска: Жерард Батлер и Морган Браун во калифорниската Венеција

Тие се заедно веќе шест години.

А во понеделникот, шкотскиот актер Џерард Батлер и неговата девојка Морган Браун беа забележани на плажата „Венеција“ во Лос Анџелес како разменуваат нежност во доба на коронавирус.

Холивудскиот заводник ја бакнува својата свршеница , но ја држи маската за лице, на куса пауза од возење велосипед околу познатата плажа.

Батлер и Браун започнаа да се гледаат во 2014 година, но се разделија следната година. Една година подоцна се смирија и отидоа на романтичен одмор во Мексико. Оттогаш, врската се чини дека стана поцврста.

Тие прошетаа на црвениот тепих како двојка на доделувањето на „Оскарите“ овој февруари.

Шкотската sвезда глуми види во филмот за природна катастрофа „Гренланд“ чија што премиера се очекува кон крајот на септември.

Треба да знаете
Последни објави