Арсовски: Излегоа на површина лукративните дејанија на СДСМ и манипулацијата со рекламниот простор во медиумите

Предвремените парламентарни избори поминаа и излегоа сите лукративни дејанија на СДСМ.

Агенцијата за медиуми го објави извештајот за платено политичко рекламирање, каде што може јасно да се забележи соодносот на рекламирањето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што е 2 наспроти 1, односно двојно повеќе простор доби СДСМ за платено политичко рекламирање на овие избори.

На што се должи ова?

На само 5 минути пред завршувањето на вонредната состојба во Република Македонија, воведена заради справување со пандемијата од Ковид-19, СДСМ наместо да се посвети на сузбивање на пандемијата, на последната седница на Влада, 5 минути пред да заврши вонредната состојба, изгласаа уредба во пресрет на предвремените парламентарни избори за медиумски мрак и гушење на политичкото претставување на опозицијата.

Не само што беше против законски, туку беше директно мешање во изборниот процес. Па така, ВМРО-ДПМНЕ доби ограничен простор за рекламирање во медиумите, а СДСМ доби простор да може да се рекламира и двојно повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

Користењето на вонредната состојба за ваква уредба значеше гушење на медиумскиот рекламен простор за ВМРО-ДПМНЕ, каде што СДСМ директно мешајќи се и интервенирајќи во изборниот законик, придонесе да се ограничи рекламниот простор на штета на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, за да истата СДСМ може да манипулира со рекламниот простор во медиумите.

Ова беше и една од причините за најнедемократските избори и изборниот грабеж кој што е случи на овие избори.

Треба да знаете
Последни објави