Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не остана покус по изјавата на првиот човерк на владеачката СДСМ, Зоран Заев дека премиер не се станува со 15 пратениоци. На ваквата реакција од Заев, коалициониот партнер на СДСМ во последната Влада, Ахмети му порача дека премиер во новата Влада не се станува и со 46 пратеници ! Ова се бројките кои СДСМ и ДУИ ги освоија на последните предвремени парламентарни избори.
-Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме. Секоја чекор што ќе го преземаме, ќе го направиме во интерес и корист на државата, мирот, стабилноста и унапредувањето на поголемите процеси, како што се Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, спроведувањто на законот за јазиците, борбата против криминалот и корупцијата. Но, во никој случај да не се избегнува од процесот на Ветинг. Секој ќе биде во партнерство со нас ако се согласув со овие точки. Вклучувајќи го и премиерот – изјави Ахмети за Коха.
Тој додава дека засега нема ништо конкретно во однос на разговорите за формирање на новото парламентарно мнозинство.