„Ѓавол засекогаш“, драматичен трилер кој премиерно ќе се емитува на „Нетфликс“ следниот месец, објави низа оригинални слајдови со главните протагонисти во филмот.
Дејствието на филмот е поставено во Охајо во периодот помеѓу Втората светска војна и Виетнамската војна, а во него глумат Роберт Патинсон, Том Холанд, Бил Скарсгард, Рајли Коф и Себастијан Стен.
Според веб-страницата “Ај-ем-ди“, филмот „Ѓавол засекогаш“ (The Devil All the Time) во режија на Антонио Кампос, е драматична сторија која следи бизарни, уверливи и ментално вознемирени луѓе кои страдаат од трауми предизвикани од ужасите на војната.