Во Основниот суд во Велес денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски. На рочиштето сведочи Горан Митев, вработен во компанијата која го развивала и одржувала системот АКМИС кој судовите го користат за распределба и водење на судските предмети. Тој појасни дека компјутерскиот систем имал можност и за рачна распределба на предмети ако во моментот немало дежурен судија. Сведокот потврди дека Панчевски барал дополнително усовршување на системот бидејќи недостасувале критериуми за распределба на одредени предмети.