Во одговор на новинарски прашања, претседателот Зоран Заев денеска истакна дека во изминатите две и пол години се постигнаа значајни успеси на домашен и меѓународен план и тоа претставува мотив СДСМ како одговорна партија да продолжи уште повеќе и уште подобро да работи во интерес на граѓаните и државата.
„Јас сум многу среќен после сите историски одлуки коишто ги донесовме а тоа е решен проблем со Бугарија, решен проблем со Грција, Република Северна Македонија е членка на НАТО, Република Северна Македонија после 15 години доби одлука за почеток на преговори и од претседавачот Германија преку канцеларката Меркел е најавено е дека до крајот на годината за време на германското претседателство ги отвораме првите поглавја. Го донесовме Законот за употребата на јазиците, ја смиривме етнички душата на нашата заедничка земја. Успесите кои што ги постигнавме на меѓународен план беа проследени со сериозни успеси на домашен план, економијата од -1,8% порасна на 3,6%, правосудството направи сериозни исчекори и тоа е нотирано не само од извештаите на Владата, на парламентот туку и од меѓународните организации како што е пред се редовниот извештај од ЕУ. Секако правсудството е нешто на коешто треба уште повеќе да работиме и тоа ќе го сториме”, посочи Заев.
Тој порача дека успесите се признаени од целиот свет, но најважно е што тие се препознаени од граѓаните што се потврди на изборите на 15 јули кога СДСМ и Коалицијата „Можеме” ја добија честа и одговорноста за нов мандат.
„На крајот, успесите се дефинирани и со суперлативи од целиот свет, од ООН од ЕУ, НАТО, Стејт Департментот а најголемиот суперлатив дојде од граѓаните. СДСМ, од 2002 година, после 18 години, победи на парламентарни избори. Ова е прва победа како власт, после сите оние крупни одлуки, да добиеме чест за уште еден чист мандат да продолжиме да ги водиме институциите, заклучи Заев.