Новиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, пред почетокот на седницата се пожали дека имал негативно искуство со собраниските служби откако не успеал да дојде на конститутивната седница со својот тротинет.
„Сакав да дојдам со мојот електричен тротинет, но службите ме информираа дека не може да се внесе во салата. Ние треба да поставуваме пример, и наместо собранието да исплаќа илјадници евра за патни трошоци, ајде да видиме и да разговараме како да ја заштитиме животна средина и собранието да се отвори кон тие алтернативни модели на превоз. Моето прво искуство беше непријатно и се надевам дека ќе можеме тие процеси полека да ги промениме“, изјави Муцунски пред влезот во собраниската сала.