Повикот во Хаг за лидерот на ДУИ, Али Ахмети не е случаен, ниту нивното ретерирање од барањето за Албанец премиер. И Шешељ го викнаа како сведок во Хаг па го осудија, кажа Тито Петковски на гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5.
-Евидентно е дека омекнувањето на ставот на ДУИ во однос на барањето за Албанец премиер не е направено по самостојна одлука во Мала Речица, туку со интервенција од надворешни фактори, смета претседателот на НСДП и поранешен претседател на Собранието.
Петковски вели формирањето ново парламентарно мнозинство нема да биде лесно, но очекува за скоро време да биде постигнат догвор за новата Влада.