Пронајдено е тeлото на 16-годишното момче кое завчера исчезна во водите на Преспанското Езеро, потврди градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски. Телото по два дена трагање од нуркачи е пронајдено во туристичката населба Претор, во близина на местото каде што момчето исчезна.
Тоа се изгуби во водите на Преспанското Езеро во саботата попладнето околу 18 часот, за време на праникот Илинден, кога со другари се возеа со педалина низ езерото во туристичката населба Претор. поред изјавата на концесионерот на педалините Ведат Адемовски, педалината била исправна и не се превртела, туку момчињата скокале од неа.