Тимот на СЗО кој го истражува потеклото на ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците.
Најверојатно лилјакот имал уште едно животно домаќин како посредник.
Резултатите од истрагата на СЗО со нетрпение ги очекуваат научниците и владите во светот, пренесе Ројтерс.
„ Тимот имаше опширни разговори со кинеските колеги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошки и генетски анализи и ветеринарски истражувања“ наведе портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.
Тој додал дека имале и видео разговори со виролози и научници од Вухан.
Претставникот на СЗО, Мајк Рајан изјави дека можни се изненадувања.
„ Фактот дека се вклучи алармот во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек“ рекол тој.